Започнува првиот викенд од големата забава Супер Скопје

0
319

Со настапот на Сергеј Четковиќ вечерва на Кејот 13 Ноевмри во 21 часот и официјално ќе започне првиот викенд од големата забава „Супер Скопје“.

На оваа локација во рамките на „Супер Скопје“, покрај вечерашниот концерт на Четковиќ, скопјани утре, сабота, од 21 часот ќе се забавуваат со Бајага и Инструктори.

За дополнителна одлична забава се погрижи и Градот Скопје кој донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за еден час на датумите кога ќе се одржува „Супер Скопје“.

За потсетување, во рамките на „Супер Скопје“ ќе се одржат настапи во наредниве 4 викенди со концерти на разни локации каде е подготвена одлична музичка програма.

– Супер Скопје на 25 и на 26 август ќе се оганизира во Старата Скопска Чаршија, каде:

  • На 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ
  • На 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“ каде ќе настапат Оркестра (Orcestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

– На 1 и на 2 септември забавата ќе се организира на улица Македонија, каде:

  • На 1 септември (петок) ќе настапат Ди Џеј Дела (DJ Dela), (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева
  • На 2 септември (сабота) ќе настапат Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе– На 8 и на 9 септември забавата ќе се организира на Боемската улица во Дебар Маало, каде:
  • На 8 септември (петок) ќе настапат Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин
  • На 9 септември (сабота) ќе настапат Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар
    Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, кој за организацијата на овој настан ги избра „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

Коментирај