Започнува ликовната колонија „Вевчански видувања“

0
323

Во Вевчани вечерва започнува осмата традиционална меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, на која годинава ќе учествуваат афирмирани уметници од повеќе земји.

На колонијата, чие свечено отворање ќе биде во ресторанот Виа Игнација, ќе учествуваатт ликовни уметници од Македонија, Грција, Србија, Русија, Албанија, Франција, Египет, Виетнам и други држави.

Отворањето ќе биде збогатено и со целовечерен концерт на хрватската пејачка Тереза Кесовија.

Колонијата ќе се одржува во следните две недели.

Коментирај