ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО

0
516

ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО

Како поинаку да се дефинира состојбата на непријателот на човечкото спасение во овие помрачени времиња освен како беснило!

Зошто беснило!?

Нема веќе сокриени карти! Односно непријателот нема веќе трпение да се притајува или да игра! Тоа би било губење време! Напаѓа офанзивно, дрско, избезумено, подмитувачко…Не напаѓа како човек, туку како демон, прав демон. Односно веќе нема трпени да се сокрива. Сите што му биле поданици ја добиваат демонската физиономија, и по тоа се препознаваат кои се и што им е крајната цел. А оние што денес му се придружуваат како пасивни посматрачи веќе како души се заразени со тоа демонско семе, дали по пат на разни индоктринации, дали по пат на наметнати искривени вредности во образованието, воспитувањето, со што во основа сакаат да го урната моралниот кодекс на традиционалниот и семејниот центар на животот.

Очигледно се работи за тотална деградација на безвредниот систем на народот сатански, за нивна очајна глад и за нивна незаситна жед. Нив им треба жртви и се` повеќе жртви , па затоа имаат излезено на улиците (во секоја просторна смисла) и ждерат се` по список!

Со помош на електронските медиуми почнале (оддамна – а нам ни требаше долго да се свестиме) и сакаат потполно да го окупираат просторот на УМОТ на секој поединец! Така поединечно секој лесно станува нивни поданик.

ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО !

Демонот се размножува во Tемонот (просторот на темнината). Нашите умови ако ги држиме во слепилото на заспаноста тоа значи директно влегуваме во Темонот (просторот на темнината) и му се додворуваме на тој владетел на темнината. Тоа е простор кој не` голта и не` топи во небиднина. Oние кои сакаат да живеат палат светло за да го видат животот!

ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО!

Темнината исчезнува пред јасноста на светлината. Темнината нема достоинство. Нема граница на лудилото и пардон пред нечесните дела. Темнината е најголемата лага. А пак грдите лица на лагата, најдобро не се гледаат во темнината…Пострашни се и од темнината зашто таа знае да е мирна а тие ја претвораат во бура, во ураган, во торнадо, во цунами!

ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО!

Темнината ја прикрива нечистотијата, ја загушува непристојноста, ги заслепува очите пред убавото… заробува во живата кал чија единствена средина е! Немојте ни од далеку да и` се доближувате и нека не ви стануваат интересни нејзините превртени небулози! Чувајте си ги децата зашто тие се нејзин најлесен плен и со сите видливи и невидливи сили е свртена кон нив и нивните невини, чисти души!

ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО!

Веќе ги гледате запустените души фатени во најразлични замки: во уживање на превртената сексуалност, во дегустирање на секаков вид опојни средства, во непочитувањето на родителите, учителите, во славењето на вештерките и злите духови, во површното образование, во парталавите фармерки и маици исфрлени како моден тренд, во налудничавите фризури и гадните изрази и зборови на јазичниот сленг… Има премногу за набројување! Сето тоа го гледаме долго време и како уште да не веруваме дека тоа е една зараза која не` разболува неизлечиво.

ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО!

Под светлината на запаленото светло ги гледаме вредностите од кои произлегуваме како што е убавото лице на нашите мајки, убавата песна на нашите баби, веселиот и полн приказни вез на нашата историја, личните лица на нашите блиски по крв и соседтство, пријателство. Под светлината ги гледаме и сведоштвата низ историјата како непријателот на спасението на нашите души во разни облици, војни и окупации од секаков вид го пленел нашиот животен простор, ни го одземал, ни го стеснувал…сега се нафрлил врз просторот на нашиот УМ!

ЗАПАЛЕТЕ СВЕТЛО!

Да запалиме светло во нашите умови, да ги грееме срцата со топлината на чесниот и добар збор, со љубовта на ближните, да се сакаме и радуваме на нашето сонце и да не заборавиме дека има и посветло Нешто од сонце над нашите глави, тоа е Нашиот Создател, Промислител и Дарител на секое добро!

Запалете светло и не губете ја надежта дека на доброто со лошо се враќа. На почетокот и да е така, сепак доброто победува, и, ова не е фраза туку вистина за која треба да ги издржиме ови тешки искушенија! Под издржливост се подразбира и растење во умот, логиката и добро осмислување на борбата како и со што да се бориме против оваа перверзна напаст! Само не со страв, туку со обединување на доброто и убавото на секое поле и на секаков начин!

Господ Исус Христос, Синот Божји, по молитвите на Неговата Пречиста Мајка и на сите светии нека се смилува на нас и нека не спаси!

Коментирај