Замислeте дека може да гледате три пати подобро со помош на вградени леќи во вашето око

0
484

Новиот изум, бионичките леќи, кои со само осумминутен хируршки зафат се вградуваат во очите, во иднина ќе бидат одлична замена за очилата и контактните леќи.

Благодарение на овие леќи не би постоел ризик од развој на катаракта, а беспрекорниот вид би ве служел и во 100та година од животот.

Станува збор за технологија која може да го подобри видот дури три пати повеќе, а процедурата ќе може да се извршува на луѓе постари од 25 години бидејќи во тие години структурата на окото сеуште не е потополно развиена.

Доколку тестирањата направени врз животни и слепи луѓе се покажат како успешни, првите хируршки интервенции можат да бидат спроведени во Канада уште оваа година.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај