Законот за јазиците поворно пред пратениците – дали до петок ќе се воведе двојазичност?

1
581

Пратениците во Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжат расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во рамки на 15. седница која беше прекината на 23 септември поради почетокот на кампањата за локалните избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во петокот најави дека очекува овие измени да бидат донесени до идниот петок и да се затвори ова прашање, при што посочи дека собраниската дебата за законот за јазиците би можело да биде прекината само ако дојде предлог за пополнување на испразнетите министерски места во Владата на Арбен Тараваи и Рамиз Мерко кои на локалните избори беа избрани за градоначалници.

Predlog-zakon-za-jazici

Собранието пред изборите одржа шест продолженија на 15. седница на кои се расправаше за законот за јазиците.

Во досегашниот тек од расправата по овој закон и на комисиските расправи и на продолженијата на пленарните седници, опозицијата обвини дека законот е неуставен, со него се кршат процедурите и оти неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава, а се дискриминираат и помалите етнички заедници. Парламентарното мнозинство, пак, тврди дека законот ќе придонесе за зголемување на соживотот во државата, не го нарушува унитарниот карактер на државата и е во согласност со Уставот.

Според образложението од Министерството за правда, основна цел за носење на законот е доследна примена на уставните амандмани во законскиот текст во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо. Воедно се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку од 20 проценти.

Како што стои во образложението на Предлог-законот, на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо на начин утврден со овој закон. Во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенциите, дирекциите, установи и организации, комисии, правни лица што вршат јавни овластувања и други институции покрај македонскиот јазик и неговото писмо службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на РМ. За употребата на јазикот што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните во единиците на локалната самоуправа одлучуваат органите на единиците на локалната власт.

Се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат кој било од наведените службени јазици и нивните писма и оти институциите имаат обврска да им го овозможат на граѓаните користењето, употребата и примената на тие службени јазици и нивните писма.

Со предложениот закон се уредува и употребата на јазикот од страна на избраните или именувани функционери во институциите наведени во законот, како и други институции чие седиште е во Скопје или општини во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, во нивната службена комуникација го употребуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и писмото што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. Меѓу останатото се уредува и употребата на јазиците во Собранието, во Владата, како и пишувањето на називите во институциите. (МИА)


Џафери: До идниот петок ќе се донесе законот за јазиците и ќе биде затворено прашањето

1 Коментар

  1. NE za donesuvanje i potpisuvanje na nekakov nov zakon za jazici vo Republika Makedonija’
    NE, zatoa sto toa e del od fasistickata albanska platforma donesena vo stranska zemja/R.Albanija\
    NE,zatoa sto toj nov zakon za jazici e del od albanskiot plan i scenario za okupacija i zazemanje na Republika Makedonija so pomos na domasnata neligitimna i izdajnicka vlada \sds\ i sosednite fasisticki zemji:R.Albanija,R.Grcija i R.Bugarija koi sto ne gi priznavaat i ne davaat nitu osnovnite covekovi prava na drugite narodi sto ziveat vo tie zemji a se clenki na EU i NATO.
    NE,zatoa sto ovoj zakon nema nisto so malcinski prava tuku e del od nadvoresen i vnatresen plan za unistuvanje i albanizacija na MAKEDONIJA.

Коментирај