Законот важи за сите: Полицијата немаше милост кон Бекам возејќи го „Бентлито“, па го казни драконски поради бизарниот прекршок

0
321

Дејвид Бекам остана без возачка дозвола на шест месеци откако беше фатен како зборува на мобилен телефон во возење.

Бекампрекршокот го направил во ноември минатата година, а казната од 6 месеци без возачка дозвола почнува да тече од денес.

Поранешниот капитен на англиската репрезентација претходно се изјасни како виновен дека користел мобилен телефон додека го возел своето „бентли“ во централен Лондон на 21 ноември минатата година.

Тој беше фотографиран од случаен минувач како држи мобилен во рака додека се движи низ бавен сообраќај.

Освен забраната за возење, Бекам е казнет и парично, од 750 фунти, плус 175 фунти судски трошоци.

„Наместо да гледа право и да внимава на патот, тој гледаше во својот телефон“, изјави обвинителот Метју Спрат.

Коментирај