Законот ги зголеми апетитите: Во Кривичен пристигнати над 2.500 барања за амнестија

0
103

Кривичниот суд до денеска примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица, согласно Законот за амнестија. Од овие барања, две-третини се решени и се вратени до затворите, рече на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Судот, Иван Џолев.

Ова, како што додаде не е вкупна бројка на осудени лица, туку бројка на барања, појаснувајќи дека од еден осуденик може да бидат поднесени и повеќе барања, како и дека барањата опфаќаат не само целосна, туку и делумна амнестија.

Според Џолев, направен е увид во над 10 илјади предмети и сите рокови се испочитувани. Додаде дека рокот од пет дена за одлучување по барање за амнестија ќе се запази и за барањата кои ќе стигнат до Судот дополнително.

Првите решенија од Кривичниот суд, како што рече, биле издадени на 2 февруари.

Коментирај