Закерони нов селектор на ОАЕ

0
373

Италијанскиот фудбалски стручњак Алберто Закерони е назначен за нов селектор на Обединетите Арапски Емирати. 64-годишниот Закерони доаѓа на местото на досегашниот предводник на ОАЕ, Аргентинецот Едгардо Бауса.

Веста за назначувањето на Закерони официјално беше објавена од Фудбалската федерација на ОАЕ.

Закерони и ОАЕ потпишаа договор за соработка до 2019 година.

Еден дел од својата професионална тренерска кариера, искусниот тренер помина во италијанските и европски великани, Милан, Интер и Јувентус. Како тренер работеше и во други италијански екипи, а беше и селектор на Јапонија во периодот 2010-2014 година.

Коментирај