Заканите и реакциите на ДУИ, Беса и Рама се уште еден доказ дека Заев ја прифатил Платформата од Тирана

0
1123

На одлуката на претседателот Иванов да не му додели мандатот на Зоран Заев за составување влада, остро реагираа СДСМ, ДУИ и Беса, но доцна синоќа на Фејсбук на претседателот Иванов му се обрати и албанскиот премиер Еди Рама, творецот на Албанската платформа која албанските партии му ја сервираа на Заев.

Изјавите на Артан Груби и Бујар Османи од ДУИ и соопштението на Беса дадени по прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој застана во одбрана на државните интереси на Македонија, се уште еден доказ дека Зоран Заев ги прифатил сите точки од Албанската платформа донесена во Тирана.

ДУИ и Беса се заканија со дестабилизација и ја повикаа меѓународната заедница да интервенира. Истовремено, Заев не се откажа од Платформата од Тирана и го повика претседателот веднаш да ја отповика одлуката.

Османи: Може да се случи катастрофална ситуација во државата

Bujar-Osmani-izjava

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, рече дека партијата на Али Ахмети го осудува обидот за продлабочување на политичката криза.

– ДУИ го осудува обидот заедничката Декларација на албанските партии во Македонија да се квалификува како платформа на туѓа држава. Албанската платформа не е создадена во Тирана како што рече претседателот Иванов. Таа платформа ја направивме ние, албанските партии во Македонија. Префрлањето на кризата на меѓуетничка основа може да доведе до катастрофална ситуација во државата, рече Османи.

Груби: Платформата безопасна

Artan-Grubi

Претходно, шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, на Фејсбук го напиша дека прифаќањето на Албанската платформа е прифаќање на европските вредности.

Заедничката изјава на албанските политички партии во Македонија е изјава напишана во Скопје, од страна на албанските партии во Македонија и е изјава за една европска Македонија. Еднаквоста не наштетува никому, еднаквоста и внатрешната интеграција се во функција на евроатлантската интеграција.

Artan-Grubi-FB

Одделните точки од заедничката изјава на албанските политички партии извираат од нашите изборни програми, и на ниту еден начин не задираат врз унитарниот карактер на државата, не предвидуваат на никаков начин федерализација, ниту кантонизација ниту пак поделба на земјата.

Затоа, ги повикувам македонските медиуми и политички партии, нивните меѓупартиски судири да не ги прават на етничка основа а уште помалку користејќи одвоени делови од нашите изјави, ставајќи ги во хистеричен контекст на нивните концептуални судири бидејќи, прво, не е во полза на вистината, и второ е една опасна игра“напиша Груби на Фејсбук.

Беса бара интервенција од меѓународната заедница

BESA-pres

По државничкиот потег на претседателот, кој заштитувајќи го суверениетот на Македонија, не ѝ го довери мандатот на втората партија на изборите, Централното претседателство на движењето Беса на итен состанок констатирало дека овој е вознемирувачки момент за земјата.

Всушност, Иванов е најголемиот прекршител на Уставот, било тогаш кога неуставно му го довери мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или кога не му го довери мандатот на претседателот не СДСМ. А кога се има предвид дека тој ја претставува највисоката институција во земјата, а во име на таа институција тој само што не повика на линчување на Албанците од Македонија, само затоа што Албанците потпишале една заедничка декларација на албанските политичките партии од Македонија, ова е веќе алармантно. Затоа ја повикуваме меѓународната заедница, Соединетите Американски Држави и Европската унија, да го имаат предвид овој потенцијален ризик за албанската заедница во Македонија и да интервенираат за враќање на правната држава, како и за враќање на државата во евроатлантскиот пат“, се наведува во соопштението.

Заев: Иванов изврши државен удар

Zaev-pres

Со истата формулација настапи и Заев на прес-конференција, на која го обвини претседателот дека извршил државен удар.

–Ѓорѓе Иванов со одлуката да не го додели мандатот за состав на нова влада, изврши државен удар, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по обраќањето на шефот на државата во кое рече дека нема да му го додели мандатот за состав на нова влада.

Тој порача дека Иванов мора да ја повлече одлуката и веднаш да го додели мандатот, на што, нагласи, го обврзува Уставот, рече Заев, но повторно избегна да одговори на што се согласил за да ги добие потписите на ДУИ.

На прашањето што точно содржи пакет договорот кој му и беше врачен на ДУИ, Заев рече дека станува збор за начела и принципи кои се во рамки на Уставот.

Рама: Без Албанците нема Македонија

Edi-Rama

Доцна вечерва творецот на Албанската платформа, премиерот на Албанија, Еди Рама, на Фејсбук му се обрати на претседателот Иванов со зборовите:

Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците нема Македонија“.

Мудрата одлука на претседателот Иванов го спречи Заев во содејство со албанските партии во Македонија и под раководство на Еди Рама, да ги реализира погубните барања содржани во Албанската платформа.

„Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ги рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност“, пишува во албанската платформа.

Извор: Република.мк

Коментирај