Заканите на Груби кон Петровски и етничкото чистење на „нивните територии“ од „Славодошљаците“

0
1026

Артан Груби до Филип Петровски или за тоа кој кого ќе избрка од ДОМА!

Шега на страна, но вака, испровоциран Груби најотворено го разоткри проектот на Албанската национал – шовинистичка елита за создавање на „голема албанија“ на териториите кои тој ги наброја, односно во Албанија, Косово и Метохија (тој пишува – Kosova), западна Македонија (тој пишува западен FYROM), Чемерија, Прешево, Санџак, Тузи, Гусиње!

Filip-Grubi

Во рамките на тој шовинистичко – фашистички – геноциден проект Албанската национал – шовинистичка елита има создадено чудовишна фалсификат историја преку која тие прават темел и мотив за етничко чистење на „нивните територии“ од „славодошљаците“, односно, од Македонците, Србите, Црно Горците, па и од Грците!

Овој проект на Албанската национал – шовинистичка елита, потпомогнат со лобисти од некои западни држави и структури воопшто не е некаква националистичка фантазија, туку процес кој немилосрдно се одвива преку разни форми! За овој процес особено им е јасно на Македонците и Србите, затоа што тие истиот веќе подолго време го доживуваат на своја кожа! За остварување на овој процес Албанската национал – шовинистичка елита користи коктел од отворено насилство, уцени, притисоци, „меко“ етничко чистење преку формирање на чисти албански територии до злоупотреба во свои шовинистички цели на граѓанските и колективните права според принципите на евро – атланската демократија!

Тоа е моменталната реалност! Како ќе се развиваат нештата во иднина се зависи од тоа колку посветено и морално ќе се бориме за нашите национални и државни интереси, но и од квалитетот и стандардот на живот во државите во кои Албанската национал – шовинистичка елита има фрлено око за остварување на својот проект! Се разбира, од непроценлива важност е интересот на големите сили за нашиот рагион. Во моментот Албанската национал – шовинистичка елита сеуште има сериозен „грб“ во рамките на интересите на САД, НАТО и некои западни држави, но мора да се нагласи дека тие сега се на „врвот на бранот“, а по врвот започнува спуштањето. На нас, Македонците, Србите и Црно Горците од суштинско значење е да ги издржиме сегашните удари, кои ќе бидат силни, но и последни! За понатаму, по менувањето на геополитичките контексти, ние, Македонците, Србите, Црно Горците и Албанците ќе мора – за наше заедничко добро – ДА НАУЧИМЕ да живееме заедно, со взаемна почит и во името на поквалитетниот живот на сите наши народи и држави! Ако ова не го научиме, тешко ќе биде за сите! Обичните и нормалните Македонци, Срби, Црно Горци и Албанци ќе се отселат од овој регион, а тука ќе останат само национал – шовинистичките фантазери од сите страни да се мразат и уништуваат помеѓу себе тонејќи во мизерија, простотија, сиромаштија и глупост!

Пишува: Отец Ивица Тодоров

Коментирај