Закани до членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: „Ќе ве избркаме од тука“, „Немој ти да кажуваш“, „Ќе ја правиме албанска држава“

0
340

Закани по животот пристигнале во приватни пораки на социјалните мрежи на профилот на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, откако тој одржа неколку прес конференции во име на партијата.

-Изминативе неколку дена до мене освен многуте охрабрувања и поддршка, стигнаа и неколку заканувачки пораки од другарчиња Албанци поради моите прес конференции. Во суштина ова е класичен кукавички чин, затоа што инбоксот не е место каде разговараат сериозни луѓе. Видете вака “почитувани”, агресивни човечиња: во мојата идеја за заштита на Македонија ова е нешто што најмалку можам да сторам, и не само сега, секогаш кога мојата земја ќе се соочи со проблем јас ќе бидам напред во нејзина одбрана ! И ве замолувам не арчете закани, затоа што единственото нешто од кое Орце Ѓорѓиевски се плаши е Господ Бог, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Коментирај