Заевизмот „мете“ за да фрли прав во очите

0
306

Заев најавува чистка, добил порака од граѓаните, и замислете –  веднаш добива метла и лопатка од негов поддржувач, актер и негов функционер!? Епска сцена со невиден заплет и преплет, сццена од италијански вестерн, а сето во режија на Министерството за вистина! Србите би рекле што да рчам, а да не заплачам.

dac-zaev-metla-640x426

Вакви режирани епски сцени се изнагледавме овие две-три години од Заев. Дури и да не ги набројуваме „ветувањата“ со гитари и жици, Струшките вечери во секое село, Додека dишам и ме држи памет, Уставот е eвропски и нема да го менуваме, канализација за Арачиново…

Но, што би метел Заев, што не измел до сега? Немал ли сознанија за метла? Или едноставно, виси на конец, загуби 200.000 гласови, загуби избори во педестина општини, загуби покрај сиот државен апарат, па сега заевизмот се фаќа за сламка? Во случајов – повеќе сламки врзани во снопче. Видено е ова снопче. Се сеќавате на „новите бранови“ за „уморените кадри“ на „груевизмот“? Е па еве ги повторно, сега со метла во раце. Толку беше, толку траеше, толку му требаше на Заев – две години за во безизлез од сопствениот колапс да го копира „груевизмот“.

Знаеше Заев и до сега и кој греши и како греши, ама грешките не само што им ги покриваше, туку и ги бранеше до бескрај, нарекувајќи ги НЕЗАМЕНЛИВИ. Незаменливите ни до сега ниту сега нема да бидат пред метлата на Заев. Истата метла нема да мете, туку само ќе фрла прав во очите на јавноста.
СДСМ Грантовска, Заева заштита кадровска

zaev-grantovi-fond-za-inovacii

Круцијална реченица, изјава на Зоран Заев, која е ѕвезда водилка за неговата „метла“, е искажана лично од Заев на 25 јули 2018 година. Тема, државните грантови подарени за инвентивноста на заевистите; поттема чудесиите од реакции и незаинтересираност на Заев да побара било чија одговорност.

Ако така бараме оставки, потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта – Зоран Заев, ден 25 јули 2018 година, време попладневно.

И би така – никој не понесе одговорност, ниту директорот, ниту грантистите. А меѓу тие што се бараа одговорни беше и Кочо Анѓушев. Но тоа беше доволно и ден- денеска за секоја вонправна глупост, министрите и функционерите да се повикуваат на незаменливоста.
Груевски замина, Спасовски остана

Oliver-Spasovski-MVR-1

Веројатно најпознатата сдсмовска максима „Народот е во право дури и кога греши“, со Заев е подигната на степен, „Народот греши дури и кога е во право“. Така помина и бегството на Никола Груевски, за што јавноста бараше одговорност од Спасовски. И според заевизмот – грешеше.

…Капацитетите на МВР се толкави колкави што се, и ако е така вие може да најдете одговорност кај секого и владите и министрите да ги менуваме на 15 дена – рече Зоран Заев на 25 декември 2018 година.

Во перењето на Спасовски од меѓународниот блам, Заев дури и му ја крева цената на министерот кој е најодговорен, пуштајќи вода дека тој поднел оставка, ама Заев не му ја прифаќал.

Беше два пати кај мене, јас ја барав одговорноста не ја најдов и не ја прифатив оставката– изјави  Заев по што Оливер Спасовски и ден денешен безгрешно министерува.

По избликот на топлина на оваа изјава се стопија и снимките од албанските премини.

Печат – потпис – дата – Димитров

Nikola-Dimitrov

Кога се анализира Спасовски и неговата незаменлива улога за нерасчистени работи, останува и објаснување за случајот „Писмената оставка на Димитров„ за што излезе како доказ и фотографија во јавноста.

Додека се чека Спасовски да соопшти кој фалсификувал потпис и печат на министер и Министерство за надворешни работи; ќе остане запишано во колективната меморија дека Димитров поднел оставка по неуспешниот референдум за Преспанскиот договор, и дека документот го депонирал до архива на Владата.

Следувала голема бука и метеж, директни разговори телефонски и лични Заев – Димитров. Паѓале молби тој да остане и да помогне да се истурка работата до крај. Јасно е дека доколку се признае дека имало оставка, се признава и неуспехот на референдумот, но и целата планирана акција потоа.

И молбите беа услишани, документот искинат. Од него остана само фотографија, која мораше да биде прогласена за лажна вест. Ама како лажна кога има потпис на Димитров? Е, па бил фалсификуван, а Спасовски ќе открие. Можеби догодина. До тогаш единствена лажна вест е „Истрагата ќе покаже кој фалсификувал потпис и печат од МНР“.
Филипче Венко, каде е најтенко?

????????????????????????????????????

Венко Филипче, првиот советник на „Министерот СМРТ“, рекордерот во афери, во секоја понормална влада би добил метла уште веднаш. Ај што докторите останаа со куси ракави без 100.000 денари плата, ај што нема Клинички центар, туку и секои две три недели Венко вади афери тешки милиони евра. Само после „Крвави тендери“ тешка 36-37 милиони евра, афера која ја пресече самиот Филипче по силниот оддек во јавноста, сите очекуваа негова смена. Но, не! Следеа потоа набавките од директорката од својата дрогерија, вакцините проследени со агитпроп постери од Филипче како од 1919, скок на цената за градење клинички центар од 120 на 480 милиони евра без никаква финансиска конструкција(?), букнување на епидемија на морбили која трае со месеци.

Медиумите објавија дека по една трагедија заради сипаници, како последна по 30 смртни случаи со морбилите, Филипче му понудил оставка на Заев од морални причини. Но, експресно веста за понудената оставка беше прогласена за ЛАЖНА.

И натаму си тера Филипче, си тера додека покрај сипаниците, се шират епидемии на шуга и, сега најново, на жолтица. Болестите со Филипче се исти како во 1919! И да, се уште се собираат донации за лекувања во странство, дел од несреќниците умираат среде акции, а Филипче осмислува тендери.
Адемовото ругање со Заев

ruganje-na-hrista-1-800x445-640x356

Темата е толку болна, толку експлицитна што нема потреба за долго објаснување: министер за култура, во наплив на национализам, најави цензура на филм; Веднаш до него стои директор на агенцијата за филм и го одобрува потегот; Заев јавно го осудува филмот и повикува и презема мерки тој никаде да не се прикажува; Државниот правобранител бара судска забрана за прикажување на филмот на филмски фестивалот во Скопје!

Никој од нив не го гледал филмот!

Филмот добива награда во Канада!

Заев не смее да го праша Адеми ни за програмата за култура,а не пак да побара оставка!

Mетлата тука нема да игра // Fshesa nuk do të luajë këtu!
Лика и Прилика на Заев

hazbi-lika-640x426

Незаменлив соработник на Заев е и Хазби Лика! Лика ликува како заменик на Заев и не оди со месеци на работа. Ама оди во кафани со владината картичка. Дури и Заев потврди дека Лика не доаѓал на работа. На 8 ноевмвриу Заев вели:
Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите.
Истиот Заев, со додавка на заевизмот на 3.12.2018 вели
Не можам да бидам задоволен од човек што понекогаш оди а понекогаш не доаѓа на работа- па се сепнува – Доаѓаат на работа, процесот тече, рамковниот договор има своја административна постапка… Но би бил задоволен ако постојано доаѓа на работа!
Јавноста подзина од радосната вест споделена на владин брифинг: Лика почнал да доаѓа на работа и присуствувал на неколку владини седници. Епилогот е познат: Лика е уште Заменик Претседател на Владата, а ресорот му е надграден со Министерство! Кој спомена метла?
Заев отповика неотповиклива оставка

Gjoko_Kotevski_4

Кај Заев заминуваат и вистински оставки, не само „лажни вести“. По стравотните информации за обидот за линч во затворот против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Заев јавно побара оставка од директорот на затворот. И ја доби! Но, замислете, по ден-два Заев преспа, па на помош ја повика министерката за правда и заедно НЕОТПОВИКЛИВАТА оставка, ја отповикаа! Ѓоко Котевски и ден денеска си е директор! Во меѓувреме, неговата отповиклива неотповикливост се шпекулира дека била наградена и со вработување на неговата сопруга.
Непотизам? Каде?

tablo

Скандалозно е и трае со месеци. Речиси и да нема функционер од СДСМ да нема напикано свој човек во администрацијата. Иако самата администрација и Дамјан Манчевски се приказна за себе, овде мора да се споменат 3.000 нововработени во администрација, најголем дел „набутани“ непотистички. Природната замена за пензионираните не се брои. Мира „Дизел“ Стојчевска е синоним, но тоа не ги покрива сите останати- од Кирацовски до Костадинов.

Заев прво повика на морална одговорност за очигледниот непотизам, па следуваше мекнеење, па анализи дали имало партиски протекции, за на крај и да го правда непотизмот. Во ова оправдување му помогна и Манчевски со изјавата на годината дека „биле репресирани“ и сега морале да се вработуваат.

И пак се сведе на „истраги“ од ДКСК по кои Заев ќе реагирал ако се откриела вмешаност при вработувањата. Но, Заев не реагира што огромен број функционери од СДСМ немаат поднесоци до ДКСК за вработувања на нивни роднини во администрација. Јавноста сепак е запознаена дека Работата на дедото на Кирацовски не е ништо особено!?
Администрацијата е виновна, да живее администрацијата

mancevski

Да, остана Манчевски вечно недоречен. А и тешко е да се следи. Постојано убедува дека администрацијата е обемна и трома, па одеднаш нови 3.000 вработувања. Па пак обвинува дека таа е обемна и тешка и предлага да се „чисти“ со нудење луѓе во приватниот сектор; па пак после дека е недоволна и дека се потребни уште луѓе за да се задоволат потребите!

Прашање е само чии потреби? Веројатно на оние за кои беа иозмислени заменик директорски места во јавни претпријатија, места со цели кабинети за да заменуваат директор кога тој е на одмор. Законски, максимум 20 дена! Значи плаќање цели директорски кабинети цела година, со директорски овластувања 20 дена годишно! До сега тоа го правеше вработен со повисока функција кому се делегираа надлежности.

За Манчевски виновни ќе бидат старите административци, не овие 3000 нови, ако нема дата за почеток на преговорите, дата која нели лани ја добивме. Или не?

Ама Дамјан е на Рада, слушнаа сите, па метла не игра!
Пензиите помали, платите министерски поголеми

Смрт за сиромашните – да ни се офајдат вицепремиерите

Министерството за труд и социјална политика го води СДСМ. Доволно е толку да се каже за асоцијација за намалени пензии, класна разлика, криминал со фондот, додека со брзозборки се замајува народот глумејќи грижа. Таа грижа вели- или ќе намалиме пензии или ќе работите до 70 години! Пари за пензии нема, ама има за министрите, секому по 8.000 денари повеќе.

Пари за пензии нема, ги снемало во ПИОМ а директорите ќе одговараат. Така најави Царовска нова афера, ама си заќуте по фактот дека со децении со фондот директорувала ДУИ. И толку од аферата, заврши кај Спасовски. Не е ни чудо што човекот има најголема плата, поголема и од на Заев!

Царовска донесе и текст за закон за социјална заштита во Собрание кој што толку беше лош што ги шокираше сите кои ги опфаќаше, па закон изработи- опозицијата! Царовска во меѓувреме се занимаваше со тендери на невенчаниот сопруг, нема проблем со пазарџиите- најголем дел социјалци и семејства во ризик, ама се грижи за камповите за мигранти.

Не, не, Метлата ни тука нема да заигра, бидете сигурни и вие родител 1/2 ни вие Родител А/Б.
Операција „Метла“?

vlada-zoran-zaev-6-740x510-640x441

Метла нема да заира никаде кај заевите 27 незаменливи. Ниту во земјоделие, ниту во екологија, ниту никаде во најбројната влада на Република Македонија. А каде да заигра метла трета година мината со лажење, кој да е виновен  за сите ветувања на Заев? Дали за откуп на земјоделски производи, кои останаа фрлени или продадени за половина денар? Дали за „Ајро, Ајро“ кога се  рушат сите светски мерни скалила за опасен воздух?

И оттука пак ќе се навратиме на првиот цитат од Заев, но во делот каде тој вели „Мене ми требаат овие функционери, јас работам со нив, ги знам нивните капацитети..“! Всушност Заев секогаш признавал дека тие се избрани токму заради нивните капацитети и дека од нив и се очекувало така да се однесуваат. И сега не треба и многу глупо ќе биде  наместо нив, незаменливите, да биде заменет и со тоа казнет да биде само човекот кој ги „збуни“ знамињата пред Курц!

Заев немој со лошата глума, сепак не еова шпагети вестерн. Метлата, Заев, ако навистина не си ја разбрал пораката, не е за ти да метеш, туку да бидеш изметен од владата!

Извор:република.мк

Коментирај