Заеви се богатат на сметка на народот: Вице Заев ѝ должи 25 милиони денари на државата

0
498

Излезе најновата црна листа на должници која ја објавува Управата за јавни приходи на Македонија. Имено, две фирми од октоподот на фирми кои ги поседува фамилијата Заеви се најде на таа црна листа на должници. Фирмите Дарвас – Инженеринг и Сара Инженеринг се најдоа на црната листа со долг кон државата од над 25 милиони денари.

Sara-Inzinering

Davas-Inzinering

Па така фирмата Сара – Инженеринг и должи на државата 8,483,668 денари додека фирмата ДАРВАС- ИНЖЕНЕРИНГ должи 16,259,715 денари. Овие две фирми се во сопственост на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.

Фирмите на Заеви во јавноста се познати по многу скандали а посебно по тоа што милионски суми им биле исплатувани на овие фирми од тендери додека актуелниот премиер на државата Зоран Заев беше градоначалник на општина Струмица. Голем број на документи се појавија во јавноста кои јасно укажуваат дека фирмите на Заеви добивале огромни суми од јавни набавки, пишува Лидер.

Исто така скандалот познат како „Едно евро за црквата едно евро за Вицето“ каде актуелниот премиер се терети за поткуп е еден од многуте кои ги тресат фирмите на Заеви. Нај актуелен е оној кој пред неколку дена го објави опозициската ВМРО – ДПМЕ во кој се открива дека камиони на братот на Зоран Заев , Вице Заев возеле за РЕК Битола . Опозицијата открива криминал кој е во спрега со државата во која повеќе од јасно е дека фамилијата Заеви ги користат високите државни функции за сопствено богатење.

Додека, фамилијата Заеви се богатат на сметка на народот, очигледно е дека не се чувствуваат должи да ги платат обврските спрема државата.

Коментирај