Заев: Вработените се во ќар зашто нема каде да ги трошат парите од плата

0
5398

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во денешната емисија Топ тема на Телма телевизија, истакна дека вработените во админстрацијата биле во ќар затоа што немало каде да ги трошат парите, па затоа заштедиле по 15.000 денари од својата плата.

Заев отиде до таму што ги критикуваше вработените во администрацијата дека не биле солидарни.

-25.000 денари зема еден административец, 6.000 денари во просек враќа кредити, 19.000 денари ги трошиме, сега во април месец 10.000 денари е потрошувачката од тие 25.000 денари затоа што седиме дома, нема каде да ги истрошиме, трошиме за јадење, плаќаме сметки, но потрошувачката е 10.000 денари, сега 15.000 денари испаѓа дека некој ќе ги ќарел во овој период, вели Заев.

Заев вели дека тоа не било солидарно, се што имале како ќар вработените требало да се потроши, се што имало требало да се потроши, за да, како што вели, врти денарот.

Македонија ќе биде земја којашто ќе има најнизок импакт на економијата од корона кризата, спротивно на анализите од страна на економските експерти, вели оптимистички Заев.

Коментирај