Заев: Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата

0
372

Премиерот Зоран Заев по повод верскиот празник Богојавление – Водици упати писмо со честитки до Архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите православни верници.
„Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.

Со крштевањето во осветените води, празникот нѐ повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод празникот.

Извор:taratur.mk

Коментирај