Заев во дводневна официјална посета на Малта

0
515

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денес ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Малта.

Како што соопшти владината прес-служба, на првиот ден од посетата на 29 мај премиерот Заев ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со премиерот на Малта Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации.

Македонскиот премиер за време на официјалната посета ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Малта, Анџело Фаруџиа. 

Коментирај