Заев: Владата за 1.250.000 евра ќе купи 50 респиратори од Израел – Излажа ли Филипче за набавката од Бразил?

0
393

Донациите ќе стигнат но донесовме одлука како Влада да си купиме 50, имаме на две места по десет донации, објаснува лидерот на СДСМ, Зоран Заев околу тоа дали ќе пристигнат респираторите кои се заглавени во Турција. Тој најави дека 50 респиратори ќе бидат купени од Израел.

Цените на пазарот се движат од 25 па до 40.000 евра зависи како ќе ги најдете. Но донесена е одлуката за 50 респиратори за 1.250.000 евра е донесена одлука. Министерството има свои средства и директно ќе ги купиме, објасни Заев во „Само интервју“.

Тој вели дека не е загрижен од високата цена од 25.000 евра за еден респиратор бидејќи се било транспарентно.

Арсовски: Филипче прави скандалозна набавка на респиратори од Бразил, од 4 понуди тој ја фаворизира најскапата и најнебезбедната

Коментирај