Заев: Вице и Филипче се среќаваат за да помагаат на луѓе, не за тендери

0
409

Нема ништо сомнително што братот на премиерот, контроверзниот бизнисмен Вице Заев и министерот за здравство Венко Филипче зачестено се сретнуваат. Барем така тврди Зоран Заев.

За време на 120. собраниска седница, на која се расправа за новиот заменик-министер за здравство, Влатко Ѓорчев потенцираше дека е сомнително и чудно што Вице Заев и Венко Филипче имаат неофицијални средби, често можат да се видат по заеднички ручеци и вечери.

Тие се гледаат за како да помагаат на луѓе, за хуманитарни здравствени потреби, нема ништо чудно тука, му реплицираше премиерот на пратеникот.

На социјалните мрежи имаше разни шпекулации кога беше споделена фотографијата од Заев и Филипче во дојранска кафана, меѓу кои и тоа дека ваквото „пријателство“ се родило поради бизнисите со кан*бис.

Извор: република.мк

Коментирај