Заев: Верувам дека изготвените амандмани ќе бидат изгласани со поголемо мнозинство (ВИДЕО)

0
317

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се најде заедничко решение меѓу власта и опозицијата и дека мнозинството ќе расте.

Јас ветив на пратениците дека ке имаме инклузивен процес, па така ние од Влада ќе дојдеме во Парламентот со отприлика скицираните очекувања од самите амандмани согладно Договорот од Преспа и заедно ќе седнеме, и од власта и од опозцицијата да ги скицираме и да ги направиме нацрт-амандманите и верувам дека ќе го направиме тоа за помалку од 15 дена, изјави Заев.

Сите овие амандмани јас се надевам дека во иднина ќе не обединат зашто тоа ќе ја гарантира иднината на нашата земја, додаде Заев.

Коментирај