Заев скржав на зборови по средбата: Oставивме можност утре да се слушнеме

0
229

Без договор заврши средбата на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со претседателот Стево Пендаровски околу одржувањето на изборите, а комуникацијата на лидерите ќе продолжи.

-Не успеавме да постигнеме договор, оставивме можност во текот на утрешниот ден доколку треба да се слушнеме и нема да дадеме дополнителни коментари во делот на изјавата, ниту даваме одговор на прашањето, изјави Заев.

И Мицкоски во куса изјава рече дека  до овој момент се уште нема договор.

Кабинетот на Претседателот во соопштение наведе дека на средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

-На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе, стои во соопштението

Коментирај