Заев се закани од Собранието: Ќе се избере спикер овде или во МАНУ

0
1580

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од собраниската говорница најави прес-конференција во Собранието на која ќе одговори на сите прашања, откако рече дека одлуката за избор за претседател на Собранието ќе се случи наскоро.

– Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ – рече Заев во неговото излагање на говорницата, од каде што го повика преседавачот на седницата Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор во согласност со Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието.

Коментирај