Заев се труди да допре до грчките националисти: Со смената на Уставот се гарантираат грчките интереси (ВИДЕО)

0
693

Премиерот Зоран Заев, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека во текот на преговарањето се трудел да допре до грчките националисти и да ги удоволи нивните барања и потреби.

Тој вели дека прифатил erga omnes со цел да допре до националистите Каменос и Мицотакис.

– Сакам да допрам и до господинот Каменос и до господинот Мицотакис. Моментот кога беше најтежок за мене во преговорите и да го прифатам објаснувањето зошто мора да биде за севкупна употреба вклучително и дома или erga omnes со уставни промени дома. Одговорот од грчката страна од премиерот Ципрас, од министерот Коѕијас беше дека, ако не се затвори вака прашањето целосно во иднина пак ќе предизвикува проблеми, вели премиерот Заев.

Тој посочува дека членот 7 точка 2 и точка 3 од договорот многу убаво ги разграничуваат хеленистичкиот дел на Македонија од нашиот дел.

-Изразуваме целосна почит до грчкото наследство, да оние што се чувствуваат грчки Македонци, ние немаме проблем со таа работа, ние тоа го почитуваме и сакаме на основ на тоа да градиме пријателство, со меѓусебното разграничување на вакви идентитетски прашања, оти идентитетот е чувство, тоа со договор не може да се прецизира или да се договори. Прифаќајќи го делот на erga omnes верувам дека дури и идентитетските прашања кои што се отворени на дебата се заштитени во грчка страна. Сакам да допрам до нив да ги повикам, да го гледаат од тој начин тоа прашање, вели Заев.

Коментирај