Заев-Руте: Охрабрувањето на реформските процеси од исклучително значење за Македонија

0
137

Премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан денеска во Софија оствари средба со холандскиот премиер Марк Руте. Во придружба на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров, премиерот Заев на средбата изрази големо задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои оваа година одбележуваат 25 години од воспоставувањето дипломатски односи.

Добрите односи меѓу Република Македонија и Кралството Холандија, констатираа двајцата премиери, се крунисани со исклучително позитивни искуства во сферата на политичката и културната соработка, посебно во туризмот, како и во економските врски меѓу двете земји, соопшти владината прес-служба.

Холандија е силен поддржувач на обновата на политичкиот систем и институциите после политичката криза во Македонија и останува со силна поддршка во креирањето на слободно функционално општество и пазарна економија, било истакнато на средбата.

Zaev-Rute-2

„Охрабрувањето на реформските процеси кои се соодветни на стандардите на ЕУ, е од исклучително значење за Република Македонија, но и за ЕУ заради интеграцијата на регионот и стабилноста на Западен Балкан. На средбата со холандскиот премиер Mark Rutte изразив големо задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои оваа година одбележуваат 25 години од воспоставувањето дипломатски односи“, напиша Заев на Фејсбук.

Коментирај