Заев повика на трпение и одговорност кон државата

0
476

Почитувани граѓани, да не дозволиме никакви провокации од никого вклучително и од оној што 10 години ја упропастуваше Македонија. Неговото време заврши, порача лидерот на СДСМ, преку неговиот профил на Фејсбук.

– Институциите мора да си ја завршат својата работа согласно Уставот и законот. Од одлуките на ДИК и Управниот суд не зависи кој ќе формира Влада но тие се важни заради вистината и фактите. Граѓаните со огромно мнозинство гласови, повеќе од 600.000 гласаа за промени. Промените ќе се случат и тие незапирливо доаѓаат без разлика што на врхушката на ВМРО ДПМНЕ и е тешко тоа да го прифати. Промените се здрави за секоја држава така и за Македонија. Повикувам на достоинствено и трезвено однесување.

Повикувам на трпение и воздржаност. Повикувам на одговорност кон државата и граѓаните. Доаѓа слобода за сите граѓани, за сите кои гласаа за промени и за сите кои беа уценети и притиснати од Груевски. Македонија ќе оди напред. Ќе има живот за сите – напиша тој.

Коментирај