ЗАЕВ ПОРАДИ ДУИ МАНИПУЛИРА СО ДОКАЗИТЕ: Татко на убиено дете кај Смилковско езеро побара стражарно приведување на Заев и претсес на седиштето на СДСМ

2
989

Судењето за „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро е одложено за 15 мај, поради отсуството на обвинетиот Фејзи Азири, кој вчера бил хоспитализиран на одделението за пулмологија.

Горан Наќевски, татко на едно од убиените момчиња кај Смилковско езеро, побара од судијата Огнен Ставрев стражарно да го приведе премиерот Зоран Заев кој додека бил политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство, објави СДК.мк

Таткото го обвини премиерот Зоран Заев дека иако неколкупати им ветил дека ќе ги каже имињата на функционерите на ДУИ, сега откако склучи коалицијата со ДУИ, тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, рече Наќевски.

Тој во име на сите родители побара веднаш да се изврши претрес во седиштето на СДСМ. „Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме“.

Предметот „Монструм“ минатиот месец го презеде Специјалното јавно обвинителство, откако во декември минатата година Врховниот суд ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

2 Коментари

  1. Сите оние кои го договориле, испланирале и спровеле монструозното убиство на нашите јагниња на Смилковското езеро на ВЕЛИГДЕН 2012 година; како и оние кои знаат, а ја кријат вистината ДА ГОРАТ И НА ЗЕМЈАТА И НА НЕБОТО, ПОРОД ДА НЕМААТ, СЕМЕТО ДА ИМ СЕ СОТРЕ ЗА ВЕК И ВЕКОВИ. АМИН

Коментирај