Заев поканет на отворањето и легализирањето на дивоградбата во Охрид

0
234

ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА МИНАРЕТО НА АЛИ ПАШИНАТА ЏАМИЈА

Заврши изградбата на минарето на Али пашината џамија во Охрид, информира дописничката на Сител од Охрид.

Таа информира дека денеска е откриен верскиот објект, а на него е поставена кровна конусна купола, што може да се забележи на насловната фотографија која се шири на социјалните мрежи.

Од здружението Совест кои во повеќе наврати бараа стопирање на нелегалните градежни активности велат дека охриѓани се измамени и го повикаа премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата“.

Минарето се најде во забелешките на УНЕСКО кој во најновиот извештај препорача природното и културното наследство на охридскиот регион да се стави на листата на загрозено светско наследство.

Заев изјави дека изградбата е стопирана, а минарето во Охрид и понатаму се гради

Од минарето на охридската Алипашина Џамија ќе се запее на Бајрам

Коментирај