Заев остварил средба со српскиот опзициски лидер Ѓилас: По два дена молк, од Владата открија за што било разговарано

0
548

Македонската јавност не беше информирана дека премиерот Зоран Заев остварил средба со српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас.

За оваа средба дознавме од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој остро говореше за разговорите кои можат да ги водат овие двајца политичари.

Со цел, јавноста да добие информации дали имало ваква средба и ако да, за што се разговарало на истата, КУРИР вчера испрати прашање до Владата.

Од таму, одговор добивме денес, а истиот ви го пренесуваме во целост:

-Премиерот Зоран Заев одржа средба со Драган Ѓилас на почетокот на оваа недела. Владата на Република Северна Македонија со сите свои активности укажува дека единствена намера е градење на добрососедски релации засновани на пријателство, економски развој и просперитет на целиот регион вклучувајќи ја и Србија како наш сосед, стои во одговорот кој Владата го испрати до редакцијата на КУРИР.

За средбата во Скопје, од македонската Влада немаше ниту опфицијална најава ниту соопштение по нејзиното одржување, иако според соопштението на опозицискиот Сојузот за Србија, стои дека Ѓилас во земјава пристигнал на покана на премиерот Заев.

„Ѓилас го запозна Заев со актуелната ситуација во Србија, како и со двомесечните граѓански протести. Тргнувајќи од тоа дека делат исти социјалдемократски вредности. Заев и Ѓилас договорија соработка помеѓу СДСМ и организацијата која ќе ја формира Ѓилас во следниот период“-пренесе српскиот медиум.

Вучиќ на оваа тема оцени:

„Скопје стана она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките активности против Србија, простор каде се обезбедува финансирање и поддршка на шпионите од целиот регион. Скопје стана простор од кој доаѓаат и ќе доаѓаат нападите врз Србија и претседателот Вучиќ“.

Коментирај