Заев до опозицијата: Може да пукнете што вие не го решивте спорот со името

0
392

Премиерот Зоран Заев од собраниската седница им порача на пратениците од опозицијата дека можат да пукнат што не го решиле спорот со името со Грција додека биле на власт и не ја внеле Македонија во ЕУ и во НАТО. Тој тврдеше дека сите потези што ги повлекол, биле во интерес на граѓаните и за иднината на земјава.

Заев со овие зборови му одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски кој ги рече предавници Заев и пратениците од парламентарното мнозинство.

-Вие најдовте да зборувате за патриотизам и неморални постапки. Заради коцка и комар од мене земавте пари, а денеска вие зборувате за патриотизам. Вие што ја опљачкавте Македонија за 5 милијарди евра. Сета ваша ништожност покажува каков карактер сте. Вие кои ја уништивте Македонија, вие ќе зборувате за вредности и државност. Со сите аморални аспекти се дрзнавте безобразно да зборувате и да навредувате. Колку и да сете глумец не ви дава право. Вбризгувате омраза кон народот, рече Заев.

Претходно Заев ги повика пратениците од опозицијата заедно да се израдуваат на, како што рече, убава вест дека Македонија доби датум за почеток на преговори во јуни 2019 година.

-Убаво е некогаш заедно да се израдуваме на позитивни одлуки за Македонија. Мислам дека е дегутатно до ден-денеска да се негира фактот дека Македонија доби датум за преговори“, изјави Заев, одговарајќи му на Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ кој праша дали Македонија навистина добила датум за почеток на преговори за влез во ЕУ, констатирајќи нереализирани проекти.

Според Заев, двата сериозни аргименти како доказ за добиениот датум се прво што скрининг процесот во Македонија ќе почне на 17 јули, како и дека Европскиот совет никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија да утврдува датум за преговори. „Конечно фокусот на опозицијата теба да биде насочен дали Македонија ќе чекори во подготвителните фази на скринингот и преговарачката рамка соодветно најдобро можно за во јуни да ги отвори првите поглавја од преговарачкиот процес, рече Заев.

Коментирај