Заев најави консултативен референдум – Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?

0
1516

Вечерва разговаравме со лидерите на политичките партии и ги информиравме за можната формулација на референдумското прашање кое би се движело во следната насока „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, истакна премиерот Зоран Заев по завршување на денешната лидерска средба.

Тој во изјавата вели дека разговарале и за насоката на која упатува членот 27 од Законот за референдум.

-Од Законот за референдум според кој во услови кога собранието треба допрва да донесе некоја исклучително важна одлука за иднината, потребно е референдумот да биде консултативен со цел граѓаните на Република Македонија да бидат консултирани за вака важно прашање пред да се донесе одлуката, а согласно Договорот со Грција, тоа е одлуката за уставни промени. Во секој случај волјата на мнозинството граѓани изразена на референдум ќе биде конечна за сите политички чинители, нагласи Заев.

Член 27
За претходно консултирање на граѓаните за прашања од пошироко значење за Република Македонија може да се распише референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните (референдум за консултирање).

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав.

Коментирај