Заев на средби со дијаспората во Швајцарија

0
557

Петседателот на СДСМ, Зоран Заев, придруван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија.

Целта на посетата на Заев на Швајцарија е средби со граѓаните од дијаспората од Македонија, во Швајцарија, известуваат од партијата.

„Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, претседателот Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се сретне и со високи претставници и пратеници од Социјалистичката партија на Швајцарија.

Во 20.30 часот, вечерва, претседателот Заев ќе има Трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија.

zaevsvajcarija2

Утре претседателот Заев ја продолжува посетата на Швајцарија со средби со дијаспората во Берн, како и во Локарно, каде што СДСМ веќе има формирано своја партиска организација.

За стартот на посетата на претседателот Заев на Швајцарија и договорените средби, веќе известија медуми во Швајцарија“, известуваат од СДСМ.

Коментирај