Заев: На Помпео му кажав дека ја ослободивме заробената држава

0
893

САД се докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија, а денешната посета на државниот секретар Мајк Помпео е силен сигнал за поддршката на САД за нашата земја, за нашите евроатлантски интеграции и потврда дека продолжуваме да ја продлабочуваме соработка.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Охрид со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Северна Македонија е посветен стратешки партнер на САД. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи кои живеат во нашата земја.Имамаме политички и историски причини да го одржување и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот и заеднички активности во борбата против тероризмот и другите закани за мирот ширум светот. Подготвени сме со уште посилно темпо да учествуваме во сите глобалните иницијативи кои се конфронтираат на дезинформациите и заканите по демократијата, рече Заев.

Нагласи дека со очекуваното полноправно членство во НАТО, нашиот придонес во таа насока ќе добие силен поттик и нова димензија.

Членството во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е за нас постигнување на една историска цел. Голема придобивка не само за нашата земја туку и за зајакнување на слободата и демократскиот просперитет на целиот регион, истакна Заев.

Тој посочи дека досега протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 22 земји членки и со оптимизам очекуваме полноправно членство во Алијансата во блиска иднина.

Сакам да се заблагодарм на САД за недвосмислената поддршка за нашето членство во НАТО и за брзо очекуваната добра вест дека протоколот ќе се ратификува и во САД. Во меѓувреме целосно сме подготвени да ги прифатиме обврските од нашето членство. Имаме силна политичка волја Буџетот за одбарна да биде 2 отсто од БДП и тоа не подоцна од 2024 година, ако не и порано, рече Заев.

За десеттина дена, истакна премиерот, ја очекуваме и веста од Брисел за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Тоа ќе има силно позитивно влијани на целиот регион и значи награда за напредокот и полтичката храбтост.

Пред денешниот состанок на новинарите со американскиот секретар, Заев информираше дека му порачал„ја ослободивме заробената држава“.

За време на нашата средба го информирав Помпео дека ја ослободивме заробената држава. Градиме едно општество за сите. Мозаик од различности, а фокусот е ставен на економијата, рече Заев.

Коментирај