Заев: Концептот на едно општество ја јакне унитарноста на државата

0
238

Претседателот на СДСМ Зоран Заев порачува дека концептот на едно општество ја јакне унитарноста на државата и е основа за развој и просперитет.

– Апелирам до сите граѓани, ние сме граѓани на оваа наша земја и треба да се носиме со одговорноста како граѓани во најмала рака, да не дозволиме да спасуваме некој од одговорност и од обврската да се појави пред судовите. Унитарноста на државата се зајакнува со едно општество, со единство на сите граѓани и со тенденција да ги направиме правата на граѓаните еднакви пред оваа наша земја, Македонија, рече Заев на вчерашната дебата во емисијата „Отворено“, на Телевизија 24.

Вакви поделби, коишто, како што наведе Заев, се индуцираат од претседателот Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно се црно сценарио за Македонија. Да не бидат граѓаните соучесници на тоа што се прави сега во државата, наведе Заев.

Претседателот на СДСМ рече дека граѓаните не треба да бидат соучесници на тоа што се прави сега во државата, оти концептот на заедништво го поддржале мнозинството граѓани во Македонија и дека разговорите за обезбедување на парламентарното мнозинство се водени исклучиво на таа основа.

Коментирај