Заев: Јас сум Зоран Заев, го бранев Законот за јазици уште кога Албанците беа резервирани

0
842

Владата никогаш не барала одложување на објавувањето на мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, изјави денеска премиерот во заминување Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека било побарано одлагање на мислењето, бидејќи тоа „може да влијае на изборниот резултат“.

Тамам работа. Јас сум Зоран Заев кој го бранеше овој Закон уште кога албанските политичари и албанските политички партии беа поприлично резервирани, не знаејќи што ќе се случува околу самото законско решение. Ние треба да бидеме чесно, искрено и отворено поставени пред сите прашања, па и пред вака сериозни, нагласи премиерот во заминување Заев.

Тој потенцира дека Венецијанската комисија „на пластичен и на едноставно разбирлив начин“ ги дава своите аргументи и ги поздравила преземените чекори кои се дури и поголеми од европските вредности, но ни препорачува да внимаваме, бидејќи немаме „капацитетност“, што може да уништи многу други исто така важни, па дури и поважни права, како што е правото на правда.

Јас верувам дека Законот ќе има полн капацитет во својата имплементација. Неговата примена е ставена во сила, никој не загубил ништо, добиваат само уставно право кое што претходно не им беше овозможено и на Албанците и на помалкубројните заедници, истакна тој.

Тој нагласи дека верува оти ако сме Европејци на крајот европски ќе овозможиме целосна практична примена на овој закон, онака како што заслужуваат граѓаните на државата.

Извор: република.мк

Коментирај