Заев изјави дека изградбата е стопирана, а минарето во Охрид и понатаму се гради

0
663

Здружението „Совест“ утрово објави фотографија од минарето кое се гради во центарот на Охрид.

Oд фотографијата не се гледа јасно дали минарето и понатаму се гради, оти истото е заградено со зелена ограда, но се гледа дека излегува прашина која веројатно е последица на градежни работи. Здружението ги прашува премиерот Зоран Заев и градоначалникот Константин Георгиески каде е спокојот кој го ветиле, оти тие пред една недела изјавија дека градбата е стопирана и ова прашање ќе се актуелизира по изборите.

Заев вети дека минарето нема да се гради, но очигледно неговиот збор никој не го слуша, па така, веројатно до крајот на изборите минарето ќе биде завршено со градба, по што ќе настане поголема спрега меѓу ИВЗ, власта и „Совест“.

ИВЗ на средба со новинарите, и покрај зборовите на Заев рече дека нема компромис за минарето и дека тоа ќе се изгради.

Ohrid-dzamija-minare

Коментирај