Заев: Грчката авијација ќе го покрива небото над нашата држава

0
294

Во рамките на НАТО градиме пријателство со сите земји членки. Нашата земја нема авијација и нема покривање на нашето небо што значи дека некој од соседите ќе го надгледува воздушниот простор над нашата држава.

Имаме соработка со Бугарија и Турција за обука на војската, а сега по пат на меморандум се договара Грција да го покрива нашето небо. Кога немате авијација посегнувате по пријателите,рече премиерот Зоран Заев.

Во рамките на Преспанскиот договор, двајцата премиери рекоа дека интересот на Русија САД, Кина и ЕУ се добредојдени се додека се почитува правото на суверено одлучување на државите.

Извор:kurir.mk

Коментирај