Заев го откри планот по избори – го „таксал Гоце“: И јас сакам целосно да се реализира договорот со Бугарија – ние имаме заедничка историја

0
2102

Зоран Заев најавува дека доколку победи на предвремените парламентарни избори во целост ќе го реализира Договорот со Бугарија. Ова го истакна Заев во своето интервју за ТВ Стар, посочувајќи дека дел од нашата историја е заедничка со Бугарија.

-Нормално е Бугарија да сака договорот да биде реализиран сакаме и ние да биде договорот реализиран и отворено кажуваме ние во тој договор прифативме заедничка историја. Што е факт. Дел од нашата историја е заедничка, дел од нашата историја е наша посебна.

Според него македонскиот револуционер Гоце Делчев бил и на Бугарија и на Македонија.

Бугарија сега од Македонија бара да се откаже од Гоце Делчев, а во македонските историски читанки да пишува дека тој бил Бугарин за нашата држава да стане дел од Европската Унија. Покрај од историјата соседна Бугарија бара од нас да се откажеме и од македонскиот јазик кој според бугарските лингвисти е северно македонско-бугарски.

Малески: Македонците и Бугарите биле ист народ, а „Илинден“ бил бунт на „бугарско население“

„Северномакедонски бугарски“ – Бугарската академија на науките преку книга го дефинира јазикот во „Северна“

Коментирај