Заев го нема во спотовите на Пендаровски за да не му го влече надолу рејтингот

0
330

Велигденско интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Прес 24. Во интервјуто зборува за претстојните претседателски избори, за претседателските кандидати, политичките потези на актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев, но и за тоа што ќе им понуди ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните по предвремените парламентарни избори.

Имаме обврска да ја смениме повеќедецениската слика за политичарите во Македонија кои во голема мера го разочараа народот и го ставија во апатија, вели Мицкоски во интервјуто. За кампањата на претседателскиот кандидат поддржан од владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, Мицкоски дава интересна забелешка дека Заев не се појавува во спотовите во кампањата на неговиот кандидат Пендаровски, затоа што и во СДСМ знаат дека Заев носи негативен рејтинг, дека народот не го сака и дека може уште повеќе да го повлече Пендаровски надолу.

За чистката и ветената метла на Заев Мицкоски вели дека е очаен крик на поразен човек кој продава веќе познати трикови.

И самото тоа препелкање покажува колку нему му е важна власта, не за да помогне туку единствено важна му е да си ги зачува бинисите и матните зделки. Заев е сидрото кое не ја стабилизира државата, туку ја влече надолу да потоне. Тоа го знаат и луѓето во неговата партија. Погледнете Заев во кампањата на неговиот кандидат Пендаровски не се појавува во ниту еден спот, а тоа е така затоа што и тие знаат дека Заев носи негативен рејтинг, дека не го сака народот и дека може уште повеќе да го повлече Пендаровски надолу, иако овој е негова копија.

Иако, Заев звучеше уверливо и кога велеше дека ќе донесе живот, дека ќе го исчисти воздухот, дека ќе донесе 500 евра плата, или пак кога се колнеше во жицата и во предците дека нема да го смени Уставот, но фактите, смета Мицкоски, покажуваат дека ништо од ова не стана реално.

Знаете, имаме две полувремиња. Првиот круг од изборите кога истиот тој Заев велеше дека имало 760 милиони евра инвестиции, се качувале плати, судството се отворило како пупка, имало голем број на ново вработени, дека сме блескале во светот и дека ќе одиме напред. По шамарот кој му го испорачаа граѓаните после првиот круг од изборите, дојде второто полувреме, оној Заев кој е комплетно друга личност од овој во првиот круг, сега вели ништо не чини, ќе фаќал метлата. И треба да осговори кога лажеше, првиот круг кога се колнеше дека блескаме или вториот круг кога се фати за метлата. Ќе ви кажам и тогаш и сега лаже, само фотелја го интересира, вели Мицкоски во интервјуто за Прес 24.

Целото интервју ТУКА

Извор:Република

Коментирај