Заев ги промени зборовите: „Педер и суетен новинар“ станаа „манипулатори и измамници“

0
587

Зборовите „суетен новинар и педер“ од синоќешната изјава на премиерот Заев денеска преминаа во „манипулатори и измамници“ во интервјуто дадено за МИА.

– „Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите определби и на вредностите за кои отсекогаш сум се борел. Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, рече Заев денеска во интервјуто.

Zaev-naslov-intervju-MIA

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изреагираа дека смешно и безобразно е Заев да зборува за криминал кога е синоним за истото.

Инаку, во видеото кое денеска премиерот Зоран Заев го сподели на „Фејсбук“, недостасува скандалозната изјава која ја крена јавноста на нозе. Односно недостасува скандалозниот дел: „…Секако дека нема да дозволам, неколку кpиминалци, еден суетен новинар и да ми извини, ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт“изјави синоќа премиерот.

ВИДЕО: За да биде бруката и цензурата уште поголема, Заев се измонтира – без „педер“

ЗАЕВ СО CKAHДАЛОЗНА ИЗЈАВА: Нема да дозволам еден п*дер да ја cpyши Владата (ВИДЕО)

Коментирај