Заев: Формираме коалиција од 22 партии, предводена од СДСМ

0
622

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со претседателите на уште 21 партија потпишаа Договор за заеднички настап на локалните избори под мотото „Живот во Македонија за сите“.

„Ова е заедничката цел што нè обедини сите нас, леви, десни, партии од центарот, кои денеска го потпишавме Договорот за настап на локалните избори“, истакна Заев.

Во коалицијата се: Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова Социјалдемократска партија, Либерално Демократска Партија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Нова Алтернатива, Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија, Социјалдемократска унија, Либерална партија на Македонија, Демократски сојуз, Српска напредна странка во Македонија, Демократска обнова на Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Политичка партија Достоинство, Партија за економски промени, Алијанса за позитивна Македонија, Партија за Европска Иднина, Партија за движење на Турците во Македонија, Српска странка во Македонија, Демократска партија на Ромите, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Обединети за Македонија-ОМ и МОРО Работничка партија.

Коментирај