Заев: Датум во јуни или јули – реформите сто процентно спроведени

0
171

Ако ЕУ не испорача датум за почеток на преговорите, ќе ги демотивира и другите земји, а може да поттикне и повторно враќање на националистичките структури што навистина не ни е потребно. Европа има одговорност, треба да се постави сериозно кон оние што исто така постапиле, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното Отворено студио на МРТ.

Според него, ЕУ треба да расчисти дека земјава нема интенција да стане членка во јуни или во јули, туку дека сака да ги почне преговорите. Тоа ќе биде дополнителна мотивација и стимул да работиме уште повеќе, похрабро, подобро и поуспешно.

Заев повтори дека земјава ги исполни сите услови, дека реформите се сто процентно спроведени.

Премиерот, заедно со министрите за труд и социјална политика, за здравство и за информатичко општество и администрација, Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, зборуваше за владините политики во овие сфери. Изрази задоволство од сработеното досега, најавувајќи уште поинтензивни реформи.

На вистинскиот пат сме. Немаме надворешни проблеми и кочници, голем дел од работите зависат од нас, посебно од институциите во и надвор од извршната власт. Овој период е драгоцен и не треба да го испуштиме. Во вакви околности, на резултатите што ги постигнавме, треба да сме дополнително мотивирани да поитаме кон реализирање на целта – модерно општество со одговорно судство и администрација, добри плати и висок стандард. – потенцира Заев.

Извор:Република

Коментирај