Заев даде предлог на Собранието: Двајца министри ќе бидат разрешени, еве кој ќе дојде на нивно место

0
1036

Премиерот Зоран Заев му предлага на Собранието да ги разреши министрите без ресор – Аксел Ахмедовски, и Аднан Ќахил од функцијата.

Заев на местото на Ахмедовски, за министер без ресор задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите го предложи Музафер Бајрам.

На местото пак на Аднан Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Заев го предложи Елвин Хасан.

Музафер Бајрам е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а Елвин Хасан е потпретседател на Партијата за движење на Турците (ТХП).

Коментирај