ЗАЕВ БЛЕСКА КАЈ СОСЕДИТЕ: Грците носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш во Македонија

0
265

Акцијата на Владата на Зоран Заев во Македонија за отстранување на македонските симболи наиде на одушевување во соседна Грција.

Отстранувањето на Сонцето од Кутлеш од капаците на шахтите во Скопје, во Битола и во другите градови произведе нови маички во Грција, на кои се носи Сонцето од Кутлеш пред и по по Заевото брусење на капаците од шахтите.

– Сега го гледаш, сега не, пишува на маичката што стана хит кај јужниот сосед.

Се објавуваат и коментари на Грците:

– Тотално ја обожавам мојата нова маичка, напиша Анастасија Мерѕу на Твитер покрај фотографијата што ја сподели со јавноста.

Коментирај