Заев: Благодарност до ЕП, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење

0
159

Премиерот Зоран Заев преку својот официјален Фејсбук профил изрази голема благодарност до Европскиот парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со С.Македонија и Албанија.

„Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно ѝ припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан. Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство. Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука“, стои во неговата објава.

ЕП ја усвои Резолуцијата за почеток на преговори со Македонија и Албанија

Додека чекаме датум за преговори, Макрон договара специјално партнерство со Западен Балкан

Коментирај