Заев бара од компаниите да поткупуваат гласачи: Апелирам до бизнисмените, отворете го ќесето, почестете ги работниците

0
370

Премиерот Зоран Заев вчера во Крива Паланка отворено ги повика бизнисмените и сопствениците на компании „да го отворат ќесето“ и да ги почестат работниците пред референдумот.

Во скандалозната изјава, Заев практично бара компаниите преку бонуси или плус плата да ги поткупат работниците да излезат и да гласаат на референдумот. Оправдувањето за ваквата постапка, според изјавата на Заев, премиерот ја гледа во, како што вели, блескавата иднина која и претстоела на Македонија

-Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“. Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев синоќа во Крива Паланка.

Извор:kurir.mk

Коментирај