Заборавете ја фруктозата ако сакате да ослабите

0
431

Промената на режимот на исхрана и исклучувањето на фруктозата води до значајно забрзување на метаболизмот на организмот по само 8 дена. Богатиот на фруктоза сируп од пченка е присутен во 75 проценти од пакуваната храна и во безалкохолните пијалоци.
Тој е поевтин од шеќерот и со 20 проценти посладок од неа. Поради оваа причина состојката нашироко се користи во прехранбената индустрија.
Овој засладувач делува доста подмолно на нашето здравје. Тој ги отклучува оние механизми што ги претвораат шеќерите во масти и тие се акумулираат во телото, наместо да се разградат.
Проф. Жан-Варк Шварц од Универзитетот „Туро“ во Калифорнија утврди дека ако заборавите на фруктозата можете да се справите со дебелината, болестите на црниот дроб и дијабетесот, без употреба на лекови.
Според истражувања, фруктозата се претвора во масти 19 пати побрзо од гликозата.

Коментирај