Забавни факти за флертот

0
880

Многу години наназад различни специјалисти – психолози, социолози, биолози – ја истражувале оваа возбудлива човечка игра, но никој сè уште не ги открил нејзините правила.

1. Најголемото внимание не го добиваат најатрактивните …
… туку оние кои флертуваат.

2. Три погледи се доволни
Треба да се погледне некого барем три пати, за да сфати дека сте заинтересирани. Друг начин да го привлечете неговот вниманието е да го држите погледот за две-три секунди (ова е цела вечност во споредба со обичниот поглед кој трае во просек 1,18 секунда).

3. Невидливи знаци
Нозете кога седите некаде во кафич или рестотан се насочени натаму на каде што човекот сака да оди. Ако нозете на човекот кој ви се допаѓа, се насочени кон вас, тоа е добар знак. Уште појасен сигнал се движењата кои се прават – ако ја кренете чашата, најверојатно и тој (таа) ќе го стори истото.

4. Кога флертувате, лимбичкиот систем ја презема контролата
Оваа еволутивно стара структура на мозокот, која е одговорна за опстанокот, е водечка во текот на еден флерт. Според биологот Антонио Дамасио луѓето кои имаат нарушена врска помеѓу лимбичкиот систем и неокортексот може да бидат интелигентни и рационални, но не можат да донесуваат одлуки и да одржуваат романтични односи.
И иако јазикот на телото игра важна улога за изразување на емоциите, најнезаменлив и интересен елемент од флерт е разговорот – тука емоционалната интелигенција, импровизацијата и чувството за хумор се предност.

Коментирај