Забавни и добро платени работи

0
492

Сакате работа која е забавна, ви се допаѓа и не ве оптоварува многу? Следните 7 предлози сигурно ќе ви се допаднат! Еве кои се професиите ако може да ги наречеме така:

Возач на Ферари
Нема да објаснуваме зошто оваа работа е прекрасна! Некои би го правеле тоа и без пари но сепак има и неверојатно добра годишна плата во износ од 120 000 $.

Видео гејмер
Ако сте љубители на видео игрите, ова може да биде вашата работа! Плаќањето е 50 000 $ годишно.

Управител на остров
Ако сте љубители на авантури оваа работата е за вас! Се плаќа до 100 000 $ годишно.

Стилист на храна
Треба да ја претворате храната во уметност … Се плаќа околу 77 000 $ годишно.

Составувач на загатки и крстозбори
Ако сакате да си го „разработите“ вашиот ум и притоа да ви платат за тоа 70 000 $ годишно, што чекате?

Дизајнер на играчки
Треба да ја развиете вашата имагинација и да го направите она што сте си го замислувале во реалност. Плаќањето е 70 000 $ годишно.

Дегустатор на сладолед
Неограничено количество сладолед .. од вас се бара само да кажете стручно мислење и да имате каде да ги потрошите 60 000 $ годишно.

Коментирај