Забава во сабота, во 15 големи градови со домашни ѕвезди, ова е програмата

0
159

Утрово премиерот Зоран Заев, пристигнувајќи на вториот ден на самитот на НАТО, ги повика граѓаните на Македонија на 14 јули на заедничка прослава во 15 градови низ земјата за да прослави поканата за НАТО како голем успех за сите граѓани.

Почитувани,

Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев денеска упати покана до сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија.

Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина!

Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност.

Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука, во нашата земја.

Почитувани граѓани,

Во сабота, на 14 јули, да се обединиме и заеднички да го прославиме историскиот успех на Македонија.

Ќе славиме во 15 градови ширум земјата, заедно со најголемите домашни ѕвезди.

Скопје, почеток во 21:00 часот со: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat
Битола, почеток во 21:00 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.
Велес, почеток во 21:00 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар

Гевгелија, почеток во 21:00 часот со: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс
Гостивар, почеток во 21:00 часот со: Феки Ферис, Ареа
Кавадарци, почеток во 21:00 часот со: Кристина Арнаудова, Нокаут

Кичево, почеток во 21:00 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски
Кочани, почеток во 21:00 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion
Куманово, почеток во 21:00 часот со Мухамед Ибрахими, Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин

Охрид, почеток во 18:00 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски
Прилеп, почеток во 20:00 часот со: 5 Плус Бенд
Струга, почеток во 21:00 часот со: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ

Струмица, почеток во 21:00 часот со: Чалгија Саунд Систем, Љубојна
Тетово, почеток во 18:00 часот со: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска
Штип, почеток 21:00 часот, со: Елена Ристовска, ДНК

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!

Извор: http://vlada.mk/odimenapred

Коментирај