За жедни крави во Швајцарија водата стигнува со хеликоптери

0
142

Воени хеликоптери во Швајцарија почнаа да носат вонредни залихи вода за сточари во планински предели каде илјадници крави страдаат од жед поради недостиг од вода.

Од 20 јули Армијата изврши девет такви операции. Во кантонот Сен Гален на планинските пасишта се доставени неколку илјади литри вода, која се доставува од езерото Валенца. Испораката не се наплаќа, бидејќи се финансира од редовниот воен буџет.

Во изминатите денови потрошено е повеќе вода отколку што има на располагање, соопштија властите.

Коментирај