За Законот за употреба на јазиците – друг пат

0
543

Иако беше најавено дека Законот за употреба на јазиците, кој беше вратен на повторна расправа, ќе биде прва точка на денешната собраниска седница  – тоа не се случи.

Расправата за ЗУЈ за кој ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 30.00 амандамани е ставена како осма точка на седницата која веројатно и не е предвидена да стигне до амандмансата расправа за контроверзниот закон денеска.

Во оптек се шпекулации дека албанскиот „блок“ во моментот се подготвен да го олабават притисокот за усвојување на Законот, како знак на добра волја, но во интерес на брзоизнаоѓање решение меѓу Македонија и Грција околу околу името што е услов за влез на земјт во НАТО.

Тоа, во моментот, е добитна комбинација за албанските партии, а ЗУЈ ќе биде усвоен, но прашањее на време…

„Експрес.мк“ претходно објави дека собраниските служби с’е уште преведуваат над 30.000 амандамани што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ затоа што, согласно законот, на пратениците Албанци треба да им биле доставени – на албански јазик.

Амандманите, меѓу који нема ни еден од СДСМ, можат да се однесуваат само на забелешките укажани од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, кој одби да го потпише указот по што Законот би стапил во сила по усвојувањето во Собранието на 11 јануари.

Денес, премиерот Зоран Заев уште еднаш изјави дека Законот за употреба на јазиците е во рамките на Уставот и укажа дека со доставувањето на 35 илјади амандмани ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира работата на Парламентот и важните реформи, попречувајќи ја интеграцијата на земјата во евроатланските процеси.

Од, ВМРО-ДПМНЕ со став дека нема да биде повлечен ниту еден од над 35 илјади амандмани, зашто според оваа партија законот е неуставен и дискриминаторски за другите националности во Македонија.

Expres.mk

Коментирај